Минимална плата во Германија - 8,50 евра за еден час работа | Правдико

Правдико

   

Минимална плата во Германија – 8,50 евра за еден час работа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Долниот дом на германскиот парламент – Бундестагот, ја одобри минималната плата на национално ниво која изнесува 8,50 евра за еден час работа

Seatbelt-Wallet

Одобрувањето на минималната плата дојде по долги преговори меѓу демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери – социјалдемократите. Двете страни конечно постигнаа договор за минимум плата од 8,50 евра.

Но, компромисниот договор содржи бројни исклучоци. Некои сектори ќе смеат да го одложат за две години воведувањето на овој договор. Дополнително на тоа, одредени групи луѓе, вклучувајќи ги практикантите ангажирани на кратко време или, пак, долгорочно невработените лица и оние под 18-годишна возраст ќе бидат платени помалку.

Новата регулатива треба да стапи на сила на први јануари следната година. Со ова Германија се вбројува меѓу 21-та земја од 28 земји-членки на ЕУ каде е воведена минималната плата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико