Минималните плати на Балканот се далеку од европскиот просек | Правдико

Правдико

   

Минималните плати на Балканот се далеку од европскиот просек

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Највисоката месечна минимална плата во ЕУ  е во Луксембург и изнесува 1.923 €, што е речиси 15 пати повеќе од најниската минимална плата на Балканот, која изнесува околу 130 евра.

photo_verybig_144968

Минималните плати на Балканот се на Европското дно, според истражувањето на новинската агенција Анадолија, во кој се наведува дека најниска минимаплна плата имаат граѓаните на Косово, Македонија и Албанија, а највисока имаат граѓаните на Хрватска.

Според последните  податоци, минималната плата во Косово се движи од 130-170 евра, 131 € во Македонија, Албанија 149 €, додека во Србија минималецот изнесува 174 €.

Малку повисока минимална плата добиваат граѓаните на Босна и Херцеговина (191 евра) и Црна Гора (193 евра).
Највисоката минималната плата во регионот ја добиваат работниците во Хрватска, каде што минималната плата, според Заводот за статистика на Европската унија (Еуростат), изнесува 396 евра.

Според најновите податоци на Еуростат, минималната месечна плата во Европската унија се движи од 184 € во Бугарија па се до  1.923€  во Луксембург.

Минималната плата е регулирана со закон  во 22 од 28 земји членки на Европската унија.

Во земјите каде што минималната плата не е законски утврдена, направена е  пресметка врз основа на бројот на работни часа месечно.
Најниска минимална плата во ЕУ имаат Бугарија (184 евра), Романија (218 евра), Литванија (300 евра), Чешка (332 евра), Унгарија (333 евра), Латвија (360 евра), Словачка (380 евра), Естонија (390 евра), Хрватска (396 евра) и Полска, чии граѓани добиваат минимална плата во износ од 410 евра.

Проследено со Португалија (589 €), Грција (684 евра), Малта (720 евра), Шпанија (757 евра) и Словенија (791 евра).
Во седум земји на ЕУ минималната плата е над 1.000 евра.

Граѓаните во Велика Британија добиваат минимална плата од 1.379 €, а потоа следат Франција со 1.458 €, Ирска 1.462 €,  Германија1.473€, Белгија и Холандија по 1.502 € и Луксембург со 1.923 €.

Партнери на Правдико