Правдико

   

Минималните плати во ЕУ од 235 до 2.000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најголемата минимална плата во земјите од Европската унија изнесува 2.000 евра, а се исплаќа во Луксембург, додека на дното од листата е Бугарија со минимална плата од 235 евра, соопшти Агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат.

Од 28 членки на Европската унија, 22 земји имаат загарантирана минимална плата, а таков пропис не постои во Данска, Финска, Шведска, Австрија, Италија и Кипар.

Во десет земји минималната плата е пониска од 500 евра и тоа покрај Бугарија, тука е Романија со 275, Латвија и Литванија 380, Чешка 407, Унгарија 412, Хрватска 433, Словачка 435, Полска 453 и Естонија 470.

Минимални плати од 500 до 1.000 евра се исплаќаат во Португалија 650, Грција 684, Малта 736, Словаенија 805 и Шпанија 826 евра.

Во групата земји со минималец поголем од 1.000 евра се Велика Британија 1.397, Франција 1.480, Германија 1498, Белгија 1.532, Холандија 1.552, Ирска 1.563 и Луксембирг 1.999 евра.

Најголем раст на платите во изминатите осум години забележан е во Бугарија и тоа 109 отсто, во Романија 99 отсто, а во Словачка 80 отсто.

Намалување на платите имаат Грците и тоа 14 отсто.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико