Правдико

   

Министерот за сообраќај на Италија поднесе оставка поради корупциски скандал

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оставка поднесе италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Маурицио Лупи, поради, како што рече, политичка одговорност за местење тендерии.

mauricio-lupi

Против Лупи не е подигнато обвинение, ниту е покрената официјална истрага.

Во корупцискиот скандал, вмешан е и синот на Лупи, кој од бизнисменот Стефан Пероти доби часовник „ролекс“ вреден 10.000 евра. Лупи посочи дека и нему му бил понуден часовник, но го одбил. Сепак, не му кажал на својот син да го врати.

Кога скандалот беше обелоденет на почетокот од неделата, Лупи одбиваше да поднесе оставка. Во рамките на аферата поради корупција, покрената е истрага против повеќе од 50 луѓе, меѓу кои и политичари.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико