Правдико

   

Министерски состанок на ЕУ за мигрантската криза закажан за 14 септември

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

euflagsМинистрите за внатрешни работи на Европската унија во Брисел на 14 септември ќе одржат итен состанок за кризата со бегалците, изјави претседавачот на ЕУ, Луксембург.

“Ситуацијата со мигрантите во и надвор од границите на ЕУ веќе добива невидени размери”, се вели во соопштението.

“Со цел да се направи проценка на ситуацијата на терен и да се преземат политички чекори и нови иницијативи за решавање на прашањето, министерот за миграции и азил на Луксембург, Жан Аселборн, одлучи да организира вонредна средба на министрите за внатрешни работи”, се вели во соопштението.

Соопштението следеше по состанокот на министрите за внатрешни работи на Германија, Франција и Велика Британија, кои вчера побараа подобро регулирање на ситуацијата со бегалците кои пристигнуваат во јужна Европа и да се направи листа на земји кои се сметаат за безбедни.

Министрите Томас де Мезиер, Бернар Казнев и Тереза Меј, проценуваат дека до крајот на годината може да се одреди “средишна точка” со посебни центри во Грција и Италија, каде што бегалците ќе се идентификуваат и регистрираат со тоа што ќе им помогне на властите брзо да утврдат кој има потреба од заштита.

Германија, каде што оваа година голем број на луѓе од балканските земји аплицираа за азил, сака во најбрз можен рок да се формира листа на безбедни земји, со што ќе се олесни враќањето на одбиените баратели.

Партнери на Правдико