Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален, бидејќи нема датум за избори | Правдико

Правдико

   

Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален, бидејќи нема датум за избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кратењето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено дата за одржување на избори, велат од министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на Буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари.

dik-2-860x6801

Од над 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

– Кога се правеше и усвојуваше Буџетот за 2016 година во Изборниот законик имаше дата за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите по трет пат годинава средства повторно ќе се обезбедат – одговорија од министерството на прашањето на „Мета“ за причината за огромното кастрење на средства за ДИК.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико