Министерството за финансии ја презема иницијативата за „ПејПал“ | Правдико

Правдико

   

Министерството за финансии ја презема иницијативата за „ПејПал“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до „ПејПал“ за да се отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис „ПејПал“.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од Министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

– Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку „ПејПал“, стои во соопштението објавено денеска од страна на Логин системи кои се иницијатори за воведување на „ПејПал“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико