Министерството за локална самоуправа бара од Собранието законско решение за мандатот на локалната власт | Правдико

Правдико

   

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието законско решение за мандатот на локалната власт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за локална самоуправа бара Собранието на Република Македонија во најкус можен рок со измени на Изборниот законик да обезбеди законски услови за решавање на настанатиот проблем и законско функционирање на органите на единиците на локалната самоуправа и на локалната администрација.

„Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на локалните избори и истекот на мандатите на членовите на советите на општините и на градоначалниците на 15 мај, како и по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка по Иницијативата на Министерството за локална самоуправа со која се оспоруваа член 35 став 1 и член 49 од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од Изборниот законик, Министерството за локална самоуправа денеска испрати писменобарање до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со цел во најкус можен рок да бидат преземени потребните дејствија и мерки со кои би се обезбедило уставно и законско функционирање на органите на единиците на локалната самоуправа“, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико