Министерството за одбрана: Едно лице рането во обид насилно да влезе во касарната „Гоце Делчев“ | Правдико

Правдико

   

Министерството за одбрана: Едно лице рането во обид насилно да влезе во касарната „Гоце Делчев“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Едно лице е рането во обид насилно да влезе во касарната „Гоце Делчев“. Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.

Војникот повеќепати вербално го предупредил лицето, но кога тоа се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.

„Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата, при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Во согласност со процедурите му била укажана прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи“, соопшти МО.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи, кои работат на расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико