Министерството за правда го реши проблемот на граѓаните кои не беа запишани во Управата за водење на матични книги | Правдико

Правдико

   

Министерството за правда го реши проблемот на граѓаните кои не беа запишани во Управата за водење на матични книги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда Аднан Јашари  за прв пат потпиша Одлука за регистрирање на два лица  кои  за 18 односно 17 години  не биле никогаш евидентирани во ниедна матична книга на родените.

Screenshot_9

Постапката по жалба  против  заклучокот  на  Управата за водење со матичните книги, со образложение дека  не постојат податоци за мајката е усвоена. Одлуката на министерот  налага Управата за водење на матичните книги   да ги регистрира овие две лица. Во постапка се и други  случаи кои се чека да се разрешат согласно соодветната постапка.

Ова е едно постигнување  за сите лица кои до сега немале можност да го остварат нивното елементарно граѓанско право,  односно правото да поседуваат лични документи.

Министерството за  правда ќе контрибуира,  кон елиминирање на разните категории на лица  кои не можат да ги остварат  правата на поседување на  матични документи, како извод и други документи за идентификување.

До сега десетина граѓани не можеле да се регистрираат, од причини  што немале ДНК анализи, или други податоци за мајката, но од сега па натаму, истите ќе можат  да се регистрираат само со податоците за таткото.

Истовремено Министерот за правда  ги повикува сите лица  кои имаат проблеми  со уредување на документите, да се обратат до Подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги, со намера да се разрешат овие проблеми што е можно по брзо.

Препорачуваме

Партнери на Правдико