Министерството за правда се премисли – го тргна предлог-законот за референдум од ЕНЕР | Правдико

Правдико

   

Министерството за правда се премисли – го тргна предлог-законот за референдум од ЕНЕР

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за правда се премисли. Од Единствениот електронски регистар на прописи (ЕНЕР) ја тргна иницијативата за промена на Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните кое беше објавено вчера. Од Министерството за правда попладнево испратија „демант“, во кој воопшто не се демантира претходно објавената информација од „Макфакс“, туку се појаснува за какви законски измени станува збор.

Во соопштението на Министерството пишува дека со измените кои се бараат се усогласува Изборниот законик. „Со предложените измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување на текстот на Законот со Изборниот законик и се напуштаат, односно надминуваат одредени застарени решенија, од причина што Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е донесен во септември 2005 година, a Изборниот законик во март 2006 година“, пишува во соопштението.

На крајот од соопштението повторно се додава: „Нагласуваме дека со предложените измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши уредување на прашања кои се од значење за практичното спроведување на законот  и техничко доуредување на текстот на истиот. За веб-портал, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, изјавил дека ќе ја прекинат процедурата за измена на Законот за референдум, за да не се наштети на преговорите за името.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико