Правдико

   

Министерството за здравство: Медиумите да објавуваат само официјални информации, овие моменти да не се користат за ексклузивитет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш кога ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје.

„Со оглед на тоа што изминативе денови неколку медиуми први информираат за статистиката на денот, ги замолуваме сите медиуми да се држат исклучиво до официјалните информации што излегуваат од релевантните институции наместо да користат лични контакти за информирање. Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет – затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детаљна информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата што се лекуваат од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во другите јавноздравствени установи“, велат од Министерството.

Министерството за здравство апелира на солидарност и грижа во овие моменти.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико