Правдико

   

Министерството за здравство подготвува Предлог-закон за прекинување на бременоста

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со важечкиот Закон за прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013, 164/2013, 144/2014 и 149/2015 се уредуваат условите под кои може да се врши прекинување на бременоста, постапката за одобрување на прекинувањето, условите за здравствените установи за вршење на постапката и надзорот над условите и постапката.

Практиката на примена на Законот покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус. Дополнително, Комитетот за човекови права и Комитетот за културни и социјални права на ООН имаат изразено загриженост во однос на „условите воведени со Законот за прекинување на бременоста од 2013 година со кои може кумулативно да се ограничи пристапот до легален абортус“.

Целта на новиот предлог закон е остварување на правото на жената на безбеден абортус – укинување на постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус – давање комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата – одлуката за прекин на бременост да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого – да и` се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници како и намалување на глобите поврзани со прекршоците.

Партнери на Правдико