Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје. Но, не треба да заборавиме за време на овие кризни ситуации да го негуваме и менталното здравје.
Министерството за здравство објави неколку совети за тоа како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
Еден од советите е да следиме проверени информации и да избегнуваме постојано да следиме вести или социјални медиуми.
„Земето го предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од традиционалните медиуми имаат поинакво видување за ризикот во вакви ситуации, со голема веројатност да е неточен и непроверен.
Најдобро што може да направите е да следите проверени информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет-портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурите дека е од соодветно државно/ здравствено тело или агенција.
Притоа избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми бидејќи тоа може дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Поради тоа, ограничете го приливот на разни информации до вас и особено до вашите деца.
За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку е потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет-конекција (на пример, „Скајп“, „Вибер“, „Месенџер“…)“, советува Иво Куновски, магистер по клиничка психологија.
Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни…
Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Wednesday, April 1, 2020
„Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат разни непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствуваат страв, вознемиреност и загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од членовите на семејството или пријателите, кои се принудени да бидат во карантин поради контакт со лице заболено од вирусот.
Зголеменото внимание за себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал исто така може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и предизвикот во обезбедување основни прехранбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.
Често забележани чувства, кои се развиваат во вакви ситуации, може да вклучат: загриженост за способноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и иднината, осаменост поради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада поради лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да преземеме нешто“, вели Иво Куновски, магистер по клиничка психологија.
Извор: Макфакс