Mинистрите ќе расправаат за реформите во судството и тајната полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министрите во Владата на седницата закажана за 14 часот ќе го разгледуваат предлогот на Министерството за внатрешни работи за реформите на тајната полиција, кои предвидуваат формирање нова агенција.
Станува збор за предлог-законот за следење на комуникациите, како и предлог-закон за Оперативно-техничка агенција. Ова новоформирано тело ќе биде надлежно за прислушувањето. Како точка на дневен ред се и Законот за внатрешни работи и Законот за полиција.
На денешната владина седница ќе бидат разгледани и пакет закони од областа на правосудството, како законите за судови, предлог-законот за кривичната постапка, за Законот за јавното обвинителство и Законот за јавноообвинителска служба, како и Законот за извршување на санкциите.
Извор: Макфакс