МИОА обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните | Правдико

Правдико

   

МИОА обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кризниот штаб донесе одлука дека за време на престојниот продолжен викенд, активистите за бездомните животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење да  можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни.

За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до 16-ти април, најдоцна до 12.00 часот, до Град Скопје, а за здруженија регистрирани во другите градови до општинскиот кризен штаб, да достави пополнет образец, за најмногу пет членови од здружението.

Сите пристигнати образци, Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат  до Министерството за администрација и информатичко општество, од каде барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно. Дозволите ќе бидат со важност за 18-ти, 19-ти и 20-ти април.

Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба. Ова значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови.

Во прилог ОБРАЗЕЦ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико