Мирен протест - Битола сака чист воздух (Фото) | Правдико

Правдико

   

Мирен протест – Битола сака чист воздух (Фото)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на граѓани „Битола сака чист воздух“, на денот на ослободувањето на Битола – 4-ти Ноември, под слоганот „За НАС се работи“ одржа мирен протест и јавно побара од надлежните да ги преземат сите потребни мерки за решавање на проблемите околу загадувањето на воздухот и да ги утврдат загадувачите.

13

На протестот се појавија голем број на битолчани, кои мирно маршираа почнувајќи од пред платото на споменикот на Стив Наумов, каде што воедно се наоѓа и новоотворената канцеларија на здружението „Битола сака чист воздух“. Протестниот марш се движеше по познатиот „Широк Сокак“, за да заврши пред Домот на културата во Битола, каде што се одржуваше прославата за празникот на Битола на која меѓу другите беше присутен и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

1653312_1491825634427757_4217770840165219069_nГлавните цели на оваа иницијатива се поставување на мерна станица во централното градско подрачје, детектирање и санкционирање на аеро загадувачите и доведување на квалитетот на воздухот во границите на дозволеното. Маршот беше организиран со цел да ја пробуди свеста за оваа проблематика како кај граѓаните така и кај надлежните за решавање на овие проблеми.

Ваков вид на настани и протести може да се очекуваат и во иднина, како што изјавија од здружението,  се дури не се решат во целост проблемите со воздухот во Битола.

 

Фото галерија од настанот: (фотографиите се превземени од фејсбук групата „BITOLA SAKA CIST VOZDUH!!!“)

Препорачуваме

Партнери на Правдико