Мисајловски известен за кривичната на Јанакиески | Правдико

Правдико

   

Мисајловски известен за кривичната на Јанакиески

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратеникот Горан Мисовски од опозициската НСДП денеска го известил новиот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, дека е поднесена кривична пријава против ексминистерот Миле Јанакиески поради злоупотреба на службената положба.

2D42639DFF79AF43A6487646DAA3AD02

Кривичната пријава е поднесена на 11 март годинава до Основното јавно обвинителство во врска со предмет кој се води во Министерството, а за кој веќе се донесени конкретни управни акти за катната гаража на паркиралиштето „Автомакедонија“ и за земјиште во сопственост на РМ откупено од страна на фирмата „Никофон“.

„Имајќи ја предвид одговорноста што ја имате, Ве упатуваме да го разгледате целиот предмет и да постапите соодветно на законските и подзаконските акти“, се вели во известувањето испратено до министерот Мисајловски.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико