Мишел: Корупцискиот скандал „Катаргајт“ го нарушува кредибилитетот на сите институции на ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, во интервју за европската веб-страница „Политико“ изјави дека корупцискиот скандал „Катаргејт“ е драматичен и штетен за кредибилитетот на Европската унија и ја отежнува работата на европските институции во период на повеќекратни кризи.
„Скандалот го отежнува фокусирањето на економската и енергетската криза која во моментов влијае на животите на европските граѓани“ рече тој.
Мишел вели дека е многу загрижен поради наводите за перење пари и корупција што ги изнесе белгиската полиција против сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент во последните денови.
„Прво треба да научиме од ова и да излеземе со пакет мерки за избегнување и спречување на корупцијата во иднина“ рече Мишел.
Тој смета дека овој скандал го поткопува кредибилитетот на сите институции на Унијата бидејќи просечниот европски граѓанин ретко прави разлика меѓу Европскиот парламент, Советот на Унијата каде се состануваат земјите-членки и Европската комисија, која е извршно тело на ЕУ.
Извор: Макфакс