Мисија на ММФ од денеска во Македонија, под лупа економијата | Правдико

Правдико

   

Мисија на ММФ од денеска во Македонија, под лупа економијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тим на меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од денеска до 8 јули ќе престојува во Скопје. За време на престојот ќе се спроведе годишниот преглед на македонската економија.

113721

Како што соопшти ММФ, тимот на крајот од мисијата ќе ги соопшти прелиминарните оценки и ќе го подготви целосниот извештај кој ќе биде дискутиран на состанок на Извршниот борд на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително.

Од ММФ велат дека станува збор за редовни активности на фондот за следење на состојбите во економијата, што се вршат во сите 188 земји-членки.

Годинава Македонија предвреме се раздолжи кон ММФ и во моментов земјава нема аранжман со фондот.

По ланските редовни контроли, ММФ оцени дека економијата испорачува раст, но во извештајот во фокусот без задолжувањата и буџетскиот дефицит, кој отстапува во однос на проекцијата.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико