Мјанмар: Две и пол години затвор за навреда на Буда | Правдико

Правдико

   

Мјанмар: Две и пол години затвор за навреда на Буда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Мјанмар денеска го осуди на две и пол години затвор еден менаџер на бар од Нов Зеланд и неговите бизнис соработници за навреда на будизмот со тоа што во рекламата за својот бар користеле и психоделичен дисплеј на Буда со слушалки.

Myanmar Buddha Image Arrest

Филип Блеквуд (32), кој работел како менаџер на барот “VGastro” во Рангун, беше прогласен за виновен заедно со сопственикот и другиот менаџер на барот, поради поставување навредливи слики од Буда на Фејсбук, известува новинската агенција АП.

Белквуд, Тун Турк и Ло Квин беа осудени на две години тешка работа поради навреда на верата и уште шест месеци бидејќи тие не постапиле според наредбата на овластено лице. Нов Зеланд објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Осудените тројца мажи биле уапсени во декември, откако беше забележано дека навредливата слика на Буда се користи за реклама на барот, и по нивното апсење беа сместени во озлогласениот затвор Insein.

Околу 90 отсто од населението на Мјанмар се Будисти. Властите многу сериозно ги сфаќаат навредите на религијата, особено во поглед на верските конфликти во последниве години меѓу будистите и муслиманите во земјата.

Извор: Танјуг

Препорачуваме

Партнери на Правдико