Млади лица и деца нападнати во слаткарница и пред билетарница на ЈСП | Правдико

Правдико

   

Млади лица и деца нападнати во слаткарница и пред билетарница на ЈСП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во два одделни напади, едниот во слаткарница, а другиот пред билетарницата на ЈСП кај Транспортен центар, со повреди се здобиле млади лица како и еден малолетник.

Имено, во средата вечер, околу 22.20 часот во Скопје на ул. „Владимир Комаров“, во слаткарница Ф.Ц.(19) и А.М.(20), без повод и причина, физички биле нападнати од страна на пет-шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата. Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде од страна на лекар кај Ф.Ц. се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, околу 18.35 часот во Скопје, на Транспортен центар – пред билетарницата на ЈСП, петнаесетгодишник од село Кадино, без повод и причина, физички бил нападнат од страна на пет-шест малолетни лица на возраст од 16 до 18 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико