Младиќ осуден на доживотен затвор за геноцид | Правдико

Правдико

   

Младиќ осуден на доживотен затвор за геноцид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хашкиот суд му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воент командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

По два часа читање на пресудата, Младиќ е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото, како и за кршење на законите и обичаите на војувањето за време на војната во БиХ, од мај 1992 до крајот на 1995 година.

Клучните точки од обвинението против Младиќ беа директното учество во геноцидот во Сребреница, кога беа убиени илјадници мажи и машки деца, неговата одговорност во прогонувањето, мачењето и убивањето на несрпското население во неколку општини, основањето на логори и терор врз цивилното население на Сараево.

Хаг го покрена првото обвинение против него уште на 25 јули 1995 година по што истото се прошируваше.Младиќ заедно со Радован Караџиќ беа обвинети дека учествувале во злосторнички потфат, што имал за цел формирање на етнички чиста српска држава на територијата на БиХ.

Долги години по завршувањето на војната во БиХ, тој успешно се криеше на тајни локации и, конечно, беше фатен во мај 2011 година, во село во Војводина. Пет дена подоцна, српските власти го испорачаа Младиќ во Хаг.

Извор: NOVATV.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико