ММФ: Србија мора да отпушти 95.000 административци | Правдико

Правдико

   

ММФ: Србија мора да отпушти 95.000 административци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Меѓународниот монетарен фонд бара од владата на Србија да направи сериозна чистка во јавниот сектор. Според српски Блиц, ММФ пред претстојните разговори со владата во Белград предлага во следните три години да бидат отпуштени околу 95.000 луѓе.

vlada

Мисијата на ММФ е согласна со планот на владата кој неодамна им го изнел министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ, според кој Србија до 2017 година треба да заврши со минус во државната каса до 2,5 проценти од БДП наместо сегашните речиси 8 проценти. Но, во ММФ верувале дека за да се постигне тоа потребно е да се направи сериозен план на штедење на сите нивоа.

Идејата на фондот е бројот на вработени во јавниот сектор во следната година да се намали за 25.000 луѓе, а во 2016 и 2017 година трошоците за плата да се намалуваат за еден процент годишно, односно во секоја година бројот на вработени да се намали за по 35.000 луѓе.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико