Мнозинството Турци ќе ги поддржат уставните измени на референдумот | Правдико

Правдико

   

Мнозинството Турци ќе ги поддржат уставните измени на референдумот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Анкетата на социолошката агенција Гезиџи прогнозира поддршка од 51,3 отсто за уставните реформи, кои ќе бидат ставени на референдум во Турција оваа недела и ќе му дадат поголеми надлежности на претседателот на државата.

Според анкетата со „не“ на референдумот ќе одговорат 48,7 отсто од Турците.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.400 лица во десет окрузи на земјата на 8 и 9 април.

Две други истражувања објавени денеска покажуваат дека на референдумот „да“ ќе кажат меѓу 51 и 52 отсто од граѓаните.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико