Мнозинството уставни судии поведе постапка околу владините градби од “посебен интерес“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бурна и на моменти жестока дебата предизвика денешната расправа во Уставниот суд на која се расправаше околу иницијативата за оценка на уставноста на правото на Владата да определува градби од посебен интерес без јасно дефинирање на тоа што е „посебен интерес“ и по кои критериуми тоа се прави.
По долгата и мачна дискусија ,мнозинството уставни судии сепак, одлучи да го прифати предлогот на судијата-известител Наташа Габер Дамјановска и реши да поведе постапка.
Подносители на иницијативата се неколку невладини организации и граѓани, кои го оспорија членот 50 од Законот за просторно планирање и градба. Тие сметаат дека се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Нивниот главен аргумент е дека тоа и дава можност за самоволие на Владата без јасно определени критериуми за определува градби од посебен интерес.
Судијата-известител Наташа Габер Дамјановска сметаше дека се прифатливи аргументите на подносителите и затоа таа предложи да се поведе постапка за оценка на уставноста на спорниот член.
„Власта мора да владее согласно законите и се забранува секаква арбитрарност“,оцени судијата Габер Дамјановска,кој рече дека за разлика од тоа што е јавен или државен интерес, во Законот никаде не се дефинира што е посебен интерес и нема јасни критериуми на кој начин се определува. Таа нагласи дека Законот е недоречен и само пропишува дека градбите ќе бидат во согласност со урбанистичките планови и за нив ќе биде изработена просторна и урбанистичка документација.
На ваквиот предлог прв се спротивстави претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски, кој го отфрли во целост. Тој цитираше членови од истиот закон и одредби долги и по две страници, во кои се опишува категоризацијата на објекти. Тој потенцираше дека Владата има право да донесува и други одлуки, што не се пропишани со закон и дека со ништо не се повредува принципот на поделба на власта. На иста линија беа и уставните судии Владимир Стојановски и Јован Јосифовски, кои не најдоа ништо спорно.
За разлика од нив, судијата Гзиме Старова побара да и се цитира каде е дефинирано што е тоа „посебен интерес“.
„Не може да биде исто градби од прва категорија и градби од посебен интерес. Не може далновод да е исто со музеј. Ако ме убедите дека е исто и може да се стави знак равенство, јас ке гласам против“, рече Старова.
Ова предизвика нервозна реакција кај претседателот Ивановски, кој ја обвини судијката дека “ зборува од инает“, на што Старова реплицираше дека ако на ваков начин се однесуваат кон оние што мислат поинаку, ќе биде принудена да молчи до крајот на мандатот и не се јавува за дискусија“.
Извор: Макфакс