МНР апелира Македонците во Грција да внимаваат на безбедноста поради утрешните протести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за надворешни работи попладнево упати апел до македонските граѓани кои утре ќе патуваат или бидат во Грција, да ги избегнуваат местата на одржување на тамошните најавени протести поради, како што велат, можност од ескалација.
Воедно граѓаните се повикуваат да се воздржат од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност.
„Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 јуни, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација ‘Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија’, најавува протести во четиринаесет поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот ‘Македонија’, што ќе се одржат истиот ден, со почеток во 19.30 часот“, стои во соопштението на македонското МНР.
Извор: Макфакс