МНР ќе гради амбасади во Атина и Анкара | Правдико

Правдико

   

МНР ќе гради амбасади во Атина и Анкара

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека наскоро ќе се градат нови згради за амбасади во Атина и во Анкара, а ќе се реновираат и имотите кои земјава ги наследила од поранешна СФРЈ а се дел од дипломатско-конзуларна мрежа.

Тој информира дека со одлуката од пред две недели на заедничкиот Комитет за сукцесија на листата на имоти кои претходно ги доби државата од сукцесија на имотот на поранешна Југославија е потврден имотот во Бразилија, Њу Делхи и во Трст, со што се зголеми листата покрај објектите во Париз, Атина, Камбера, Хараре, Њу Делхи и Рим. Повеќето од овие имоти остануваат неискористени, додека државата плаќа кирии и заеми за амбасади и за резиденции на амбасадорите.

Со реновирањето на наследените објекти и со изградбата на новите амбасади ќе се стине до околу 22 објекти во рамки на дипломатско- конзуларна мрежа кои се сопственост на државата.

„Тоа е веќе половина од нашите дипломатско-конзуларни претставништва, и потоа почнуваме нова фаза. Нашата идеја е секаде каде имаме дипломатско-конзуларно претставништво, да имаме наша Амбасада, наш објект и наши станови за дипломатите, рече Османи.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико