МНР: Македонците кои живеат или престојуваат во ризични земји да го одложат доаѓањето во земјава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.
Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со ковид-19 во и надвор од земјата преку дипломатско конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.
Министерството за надворешни работи повторно апелира во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.
Извор: Макфакс