МНР со протесна нота до Грција поради Евзони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за надворешни работи испрати протесна нота до грчкото МНР поради блокада на граничниот премин Евзони, велат за Радио Слободна Европа извори од МНР. Тие објаснуваат дека по дипломатски пат од грчкото МНР добиле објаснување дека Грција вложува напори да се реши проблемот со блокадата и дека прават се што е можно за да се надмине проблемот, затоа што како што велат, и Грција трпи штета од блокадата, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи во врска со овој проблем информира дека доставила писмо и до Европската комисија, во кое, како што велат, е наведено дека со тековната блокада се крши спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ која гарантира слободно движење на стоки и луѓе.
Од таму објаснуваат дека додека да се реши проблемот со граничниот премин Еврзони, се бара алтернатива, односно да може компаниите да го користат пристаништето во Драч, Албанија.
Претходно од стопанските комори на Македонија и Србија апелираат што поскоро да се реши проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони и да се овозможи слободен проток на луѓе и стоки зашто во спротивно штетите од блокадите ќе бидат огромни.
Извор: Радио Слободна Европа