Могерини: ЕУ ќе ги брани човековите права секаде каде што се загрозени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини по повод Денот на човековите права, истакна дека Унијата ќе продолжи да се залага, за одбрана и промоција на човековите права во сите места во светот каде што се загрозени.
Во контекст на актуелните и растечките предизвици на човековите права и владеењето на правото и во контекст на глобалната економска криза, сиромаштијата и растечките нееднаквости, прописите, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права остануваат основна поткрепа на ЕУ за подобрување на одбраната на човековите права и основните слободи, се вели во соопштението.
Овие два документи ги уредуваат граѓанските, политичките, економските, културните и социјални права на секој човек од раѓање па се до крајот на животот вели Могерини.
“Новиот акциски план за човекови права и демократија, кој го донесе ЕУ во јули придава еднаква важност на сите права и настојува преку конкретни мерки за да се промовира и да се обезбеди нивно исполнување”, вели Могерини.