Могерини: ЕУ ќе ги прими балканските земји по Брегзит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави со „сигурност“ дека по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји членки“.
– Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но јас повеќе закам да кажам дека тоа ќе биде повторно обединување на Европа – истакна Могерини во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали Брегзит ќе ја ослабне ЕУ.
-Благодарејќи на односот на секоја држава одделно со Унијата, постигнат е успех во голема мера да се излекуваат воените рани предизвикани од пред 20 години- нагласи Могерини,на прашањето колку напредувале преговорите со земјите од Балканот во процесот за нивно членство во ЕУ.
Извор: Нова Македонија