Могерини – Хан: Парламентот сега е на потег да ги донесе уставните измени | Правдико

Правдико

   

Могерини – Хан: Парламентот сега е на потег да ги донесе уставните измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во заедничка изјава изразија поддршка за референдумот и наведоа дека сега, откако големо мнозинство го поддржало договорот со Грција, на потег е Парламентот да ги донесе измените во Уставот.

Хан и Могерини во изјавата го поздравуваат, како што велат, мирниот и демократски процес на гласање, истакнувајќи дека големо мнозинство го поддржале договорот со Грција за промена на името со што, како што велат, е отворен патот за почеток на преговори за пристапување во Европската Унија.

„Ова е историска можност не само за помирување во регионот туку и за решително поместување на земјата кон ЕУ. Парламентот сега е повикан да продолжи со следните чекори за имплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните измени“, пишува во заедничката изјава.

Останува на сите политички и институционални актери, продолжува изјавата, сега да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички линии. Могерини и Хан истакнуваат дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико