“Мојата апликација заслужува одговор” – нова кампања на Ротаракт клуб Скопје Центар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ротаракт клубот Скопје Центар спроведува кампања која цели кон подигнување на општествената одговорност. Целта на проектот “Мојата апликација заслужува одговор” е да се мотивираат компаниите да дадат повратен одговор на добиена работна апликација.
Кампањата интензивно се одвива два пати на годишно ниво. Во овој временски период на приватните компании ќе им биде презентирана и понудена платформата за автоматско одговарање на добиените апликации која ќе се состои од благодарност за примената апликацијата и дополнителна информација за процесот на избирање на кандидатите.
Имплементирањето и прифаќањето на овој проект цели кон намалување на неизвесноста на кандидатот во исчекување, но и истовремена можност кандидатот да аплицира на друг оглас, доколку добие негативен одговор од првиот работодавец. При применување на ваквиот одговор на добиена работна апликација, компаниите даваат една позитивна слика која алудира дека секој апликант и сечијо време е вредно да се удостои со одговор.
Оваа кампања ја отпочнувааат младите понесени од своето лично искуство но и мотивирани од алармантно високиот процент на апликанти кои покрај уредното конкурирање на одреден оглас сепак не добиле никаков одговор или повратна информација.
Автоматското одговарање на добиените апликации е всушност известување дека пратената апликација стигнала на вистинското место како и информација дека огласот е се уште отворен за аплицирање.
Со отпочнувањето на оваа кампања Ротаракт клубот Скопје Центар ќе се обиде да влијае на компаниите да ја зголемат својата општествена одговорност и одговорноста на своите сектори за човечки ресурси.