"Мојата слобода ја брани вашата": пропаганда и вистината за хомофобија во Русија | Правдико

Правдико

   

“Мојата слобода ја брани вашата”: пропаганда и вистината за хомофобија во Русија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кирил Калугин беше нападнат и уапсен кога тој се обидел мирно да протестира на денот на падобранците во Санкт Петербург.

Тој беше опкружен со околу половина дузина високи непријатели – мускулести мажи облечени во руската падобранска облека, кои што го задржаа туркајќи го и упатувајќи кон него пцовки и навреди. Тие јасно ставија до знаење дека воопшто не им се допаѓа тој, како и неговата порака.

200951_Kirill_Kalugin

Причината поради која биле наострени кон слабичкиот црвенокос активист и студент е бидејќи тој се осмелил да застане на каменестиот, неокласичен плоштад во Санкт Петербург и да скрши едно од најголемите социјални табуа на Русија.

Кирил е хомосексуалец. Но, поради законот усвоен во јуни 2013 година, тој не би требало да се чувствуваа слободно да го спомене тоа во јавноста. Или пак да направи било што, што може да го прекрши неверојатно нејасното дело “промовирање на хомосексуалноста” пропишано во тој закон.

Полицијата го оддели Кирил од неговите напаѓачи, но во исто време и го уапси.

Вознемирен, Кирил се вратил на истиот плоштад на 2 август оваа година, со уште едно “виножито” знаме со пораката “Мојата слобода ја брани вашата”. Повторно беше веднаш уапсен.

“Пропаганда на хомосексуалноста”

Јунскиот закон во 2013 – што е во насока на “заштита” на децата од “штетни влијанија” – проструи преку рускиот парламент, со само еден пратеник воздржан од гласање.

Но, т.н. штетни влијанија се всушност обични Руси кои се случило да бидат лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите или интерсексуални (нетрадиционални полови ориентации) – или поединци кои работат на прашања поврзани со човековите права.

“Пропаганда на хомосексуалноста” нема правна дефиниција. Она што законот всушност прави во пракса е казнување на луѓето за своето изразување и ориентираност.

„’Пропаганда на хомосексуалноста’” не е нешто конкретно, така да е многу тешко да се знае што значи тоа. Ако сте геј и отворен/а за тоа, во основа тоа се смета за “пропаганда”, за Амнести интернешнал изјавува Полина Андрианова, претседател на ЛГБТ групата “Coming Out”.

Охрабрување на хомофобијата

Полицијата во Русија се бори за спроведување на законот, и тоа доведе до релативно мал број обвиненија. Но, тоа не укажува дека неговото влијание не се чувствува.

“Надвор од судовите, последиците од законот се најсериозни”, предупреди Полина. “Најголемиот резултат од законот е тоа што оправдуваат хомофобични ставови и дава зелено светло за хомофобично насилство”.

Се чини дека законот ја охрабрува хомофобија што веќе беше присутна и во подем во некои кругови на руското општество.

Препорачуваме

Партнери на Правдико