Молчеле за имотната состојба: Прекршочни пријави за 51 функционер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Законот за спречување на корупцијата во 2014 година до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се доставени 441 анкетен лист по избор или именување на функција, 238 анкетни листови по престанок на функција, 45 известувања за промена на функцијата и 91 за повторен избор.
Во истиот овој период ДКСК добила 384 пријави за промена на имотната состојба, согласно со членот 34 од Законот во кој е пропишана обврската во текот на извршувањето на функцијата да се пријави секое зголемување на имотот чија вредност го надминува износот од 20 просечни плати исплатени во претходниот тримесечен период.
„Во извештајната 2014 година ДКСК, согласно со законските надлежности против 51 избрани и наименувани функционери до надлежниот суд поднесе барања за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени во имотната состојба.Во овој период по овие и по претходно поднесените барања судовите донеле 32 одлуки. ДКСК и натаму има тешкотии со обезбедување на основните податоци (ЕМБГ и адреса на живеење) за функционерите кои не поднеле анкетен лист, а за кои треба да се поднесе прекршочна пријава. За надминување на овој проблем е предвидена конкретна активност во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015 со измена на Законот за спречување на корупцијата во насока на воведување регистар на функционери“, се вели во извештајот за работата на антикорупционерите во 2014 година.
Во текот на 2014 година ДКСК до Управата за јавни приходи доставила вкупно 58 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на избрани и наименувани лица.
„Според известувањата од УЈП завршени се 37 постапки за испитување на имотот и имотната состојба иницирани од ДКСК во претходниот период. Од нив 35 постапки се запрени со заклучок, бидејќи е утврдено дека лицата против кои е поведена постапката немаат стекнато и не поседуваат имот што е поголем од оданочените приходи, односно имотот што го поседуваат потекнува од приходи што биле предмет на оданочување и претставуваат легално стекнат имот.Во еден случај е донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 4.902.613 денари.Во друг УЈП има донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 4.540.947 денари .Тоа значи дека од надлежното постапување на ДКСК во државната каса по основ на неплатени даноци се слеале 9.443.560денари“, се вели во извештајот.
Во него се додава дела во 2014 година ДКСК ја продолжила работата започната во претходните години за проверка на податоците дадени во анкетните листови, освен во постапките по пријави за корупција и преку системска проверка на содржината на анкетните листови на обврзниците од одделни сегменти на системот.
„Државната комисија за спречување на корупцијата во извештајната година ја заврши постапката за проверка на податоците од анкетните листови на 35 градоначалници кои за прв пат беа избрани на фукцијата на локалните избори во 2013 година како и на 38 лица на кои им престанала функцијата градоначалник. За 12 од овие лица, за кои е утврдено дека податоците не се совпаѓаат односно поседуваат имот кој не го пријавиле во анкетниот лист, ДКСК поднесе барања за поведување прекршочна постапка до надлежен суд и барања за поведување постапка за испитување на имотот и имотната состојба до Управата за јавни приходи“, се вели во извештајот.
Извор: еМагазин