Молдавија: Уапсени пет лица што подготвувале напади | Правдико

Правдико

   

Молдавија: Уапсени пет лица што подготвувале напади

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пет лица се уапсени во Молдавија поради сомнеж дека се припадници на парамилитарна група која планирала вооружени напади на државни институции, соопшти денеска полицијата.

moldavija

Во полициската акција се пребарани куќи и автомобили на 11 луѓе во главниот град Кишњев и на северот на земјата.

Пет лица се приведени, вклучувајќи и еден Украинец од источната област Донецк, за кој се смета дека е водач на групата.

Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените имаат кривични досиеја, но не се објавени нивните идентитети ниту, пак, се наведени целите на планираните напади.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико