Момче од Битола загина во сообраќајна незгода што ја предизвикал 70-годишен старец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Прилеп-Битола. Во автомобилот што го управувало момчето удрил друг автомобил, што го управувал 70-годишен старец. Од ударот момчето со автомобилот излетало од патот и се превртило на покривот. Од повредите момчето починало во болница.
Според информациите на МВР, вчера околу 8 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај местото наречено Петилеп, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л. (70) од Скопје, претекнувајќи камион „ман“, со левата страна на возилото удрил прво во ретровизорот од возилото „шкода фабија“ со битолски ознаки и во „рено твинго“ со битолски регистраски ознаки, управувано од Ѓ.Т. (19) од Битола, кое излетало надвор од коловозот и се превртело на покривот.
Потоа, со десната страна „мерцедесот“ удрил во кабината на камионот, по што излетал надвор од коловозот каде што застанал. Во тој момент во возилото настанал пожар, при што целосно изгорело.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле возачот на „мерцедесот“ М.Л., возачот на „рено твинго“ Ѓ.Т. и А.Б. (18) од Битола, сопатник во истото возило.
Медицинска помош им била укажанаво Клиничката болница Битола, каде што Ѓ.Т. од добиените повреди починал.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Битола.
Извор: Макфакс