МОН го поддржува предлогот за пилот проект за државниот испит | Правдико

Правдико

   

МОН го поддржува предлогот за пилот проект за државниот испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за образование и наука го поддржува денешниот предлог на УКИМ за спроведување пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување

уким

Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар.

Во соопштението наведуваат дека Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.

– Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија – стои во соопштението.

Потсетуваат дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од  останатите општествени чинители.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико