МОН: Лажни вести за сексуално образование се шират на социјалните мрежи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за образование и наука (МОН) категорично ги демантира, како што наведува во денешното соопштение, „невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование“.
Последните неколку дена, на социјалните мрежи и во дел од медиумите се прошири вест дека „ќе се воведува сексуално образование во нижите одделенија на основното образование“, што резултираше со голем број коментари и навреди кон министерката за образование, Мила Царовска, и кон експерти и граѓански активисти.
„Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем“, се наведува во соопштението на МОН.
Сексуално образование за млади без предрасуди
Според Министерството, „прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја“.
„Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“, соопшти Министерството за образование и наука.
По реакцијата на МОН, се огласи Здружението „Од нас за нас“.
„Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“. Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерот Мила Царовска внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации“, се вели во нивното соопштение објавено на нивната фејсбук страница.
Извор: Радио Слободна Европа