Правдико

   

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој работи на платформата и од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата, соопштија од МОН.

Од таму информираат дека за успешно одржување онлајн-настава најважен е делот од платформата која е базирана на „Мајкрософт тимс“.

„Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на ‘Мајкрософт тимс’ сите ученици што ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на другиот дел од платформата“, се наведува во соопштението.

За училиштата што ќе работат со физичко присуство, Министерството за образование и наука апелира до директорите, наставниците, родителите и учениците да се придржуваат на строгите мерки за заштита од Ковид-19 бидејќи тие се клучни за спречување ширење на заразата.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за другите е достапно учење на далечина преку онлајн-платформата и со емитување часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико