„Монструм“ влегува во Апелација на 6 јули | Правдико

Правдико

   

„Монструм“ влегува во Апелација на 6 јули

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека осудените за убиството во случајот „Монструм“ се невини отвора многу прашања но и големи сомнежи за тоа што навистина се случило кај Смилковско езеро, каде пред три години беа убиени четири момчиња пред, за што потоа се осудени седуммина Албанци.

111252

Заев во интервју за германскиот „Ди Цајт“ истакнал дека според тоа што тој го поседува како докази, постојат сериозни сомневања за случајот „Монструм“и дека од оние информации што ги има, тие граѓани се невини и се неправедно в затвор. Објавувањето на интервјуто предизвика голема заинтересираност во јавноста, но и отвори простор дека би можело да дојде до преиспитување на случајот.

Адвокатот на осудените за убиството кај Смилковско, Насер Рауфи очекува дека објавувањето на „бомбата“ за „Монструм“ ќе се презентира барем пред 6-ти јули за кога Апелација закажа расправа за овој случај.

Заев сепак се обиде да ретерира и рече дека неговата изјава погрешно била интерпретирана и не била таква како што ја пренел германскиот весник. Но и покрај се, тој најави дека наскоро ќе се обелоденат прислушуваните разговори за овој случај, по што, како што истакна, граѓаните ќе ја дознаат вистината за „Монструм“.

Лидерот на опозициската СДСМ уште на почетокот на објавувањето на „бомбите“ најави дека ќе ја објави вистината за Смилковско Езеро, но од друга страна изрази и стравување дека тоа би можело да предизвика големи инциденти од граѓани од албанска етничка заедница, поради што рече дека мора да се биде претпазлив како тоа ќе го објават. „Ние мора да бидеме многу одговорни со вистината. Треба да се зачува единството на народот“, истакна Заев.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико