Московските адвокати подготвуваат тужба за наплата на долгот од Украина | Правдико

Правдико

   

Московските адвокати подготвуваат тужба за наплата на долгот од Украина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев му нареди на кабинетот да подготви адвокати за борба против Украина на суд за речиси 3 милијарди долари долг кон Русија.

“Нема сомнеж дека Киев нема да го плати долгот”, рече Медведев во понеделникот на состанокот на министри. Тој додаде дека Русија треба да го наплати долгот од Украина заедно со сите пеналии.

Тој истакна дека крајниот рок на отплата истече на 20 декември, потенцирајќи дека Украина веќе доцни во плаќањето.

Киев се уште има 10-дневен грејс-период за да го плати долгот без казна, рече Медведев.

“Но, според изјавите на украинските официјални лица, Киев нема намера да го направи тоа. Според тоа, де факто, крајниот рок ќе истече после 10 дена”, додаде премиерот.

Тој, исто така, рече дека  потпиша указ за воведување на економски рестрикции (почнувајќи од 1-ви јануари).

“Ние треба да го заштитиме рускиот пазар, нашите производители и да го спречиме увозот на стоки [ од санкционираните земји на ЕУ ] обележани како Украински производи “, рече Медведев.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин даде наредба, Министерството за финансии да поднесе тужба против Украина ако Киев не успее да го плати долгот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико