Москва ќе возврати на санкциите од САД и ЕУ | Правдико

Правдико

   

Москва ќе возврати на санкциите од САД и ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

russМосква е подготвена да возврати со соодветни мерки доколку САД и ЕУ преземат економски санкции против Русија поради тензиите на Крим, соопшти денеска руското Министерство за економија

– Се надевам дека санкциите ќе бидат само политички, а не широк пакет мерки што влијаат на економската размена. Нашите санкции, се разбира, би биле слични, изјави заменикот министер за економски развој Алексеј Лихачев, пренесува „Раша тудеј“. 

Еден од начините на кои Русија планира да се заштити од западните санкции е зголемување на трговијата во други валути, а не во американски долари.

– Мора да го зголемиме обемот на трговија во национални валути. Зошто во разговорите со Кина, Индија или Турција би требало да се преговара во долари? Зошто да го правиме тоа? Треба да потпишеме енергетски договори во националните валути, нагласи Лихачев.

Конгресот на САД и Европската комисија претходно најавија воведување економски санкции кон Москва. (МИА)

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико