Москва: На страната на ИД војуваат околу 30 илјади странци | Правдико

Правдико

   

Москва: На страната на ИД војуваат околу 30 илјади странци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Операцијата на руските воздухопловни сили во Сирија ќе продолжи се додека армијата на претседателот Башар Асад не заврши со акциите против терористите. Ова го изјави заменикот министер за одбрана на Русија Анатолиј Антонов пред учесниците на средбата на АСЕАН.

MansuraOilStillsDR_2566808k

– Акциите на ВВС на Русија во Сирија се апсолутно легитимни, нагласи Антонов. Руската авијација не нанесува удари врз т.н. умерена сириска опозиција и акциите се само против терористите, нагласи тој.

Руските сили успеале да ликвидираат десетици командни места и складишта со муниција, стотици терористи и голема количина воена техника, тврди Антонов.

– На страната на Исламска држава има меѓу 25 илјади и 30 илјади странци вклучително и од Русија, изјави Антонов.

– Ако тие се вратат во родните места, ќе пропагираат радикални идеи или ќе станат организатори на диверзии, предупреди тој и додаде дека една од главните задачи е да не се дозволи тоа.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико