Москва: Обвинувањата на Борис Џонсон се „русофобска хистерија“ | Правдико

Правдико

   

Москва: Обвинувањата на Борис Џонсон се „русофобска хистерија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Русија денеска ги оцени како „русофобска хистерија“ обвинувањата на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон за тоа дека руските сили го нападнале хуманитарниот конвој во Сирија.

12102016102817_web_rusko_mnr

– Во реонот на Алепо, каде се наоѓаше хуманитарниот конвој, немаше руски авиони. Тоа се факти – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Џонсон вчера изјави дека има докази дека токму Русија го извршила нападот и притоа повика на протести пред руската Амбасада во Лондон.

Како што јави ТАСС, Конашенков ги демантираше и тврдењата за постоење на сателитски снимки што докажуваат дека Русија е одговорна за нападот и Џонсон го повика да ги покаже тие „докази“.

Најмалку 18 лица беа убиени во нападот од 19 септември врз хуманитарен конвој на ОН и Сириската Црвена полумесечина крај Алепо.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико