Москва: Црна Гора треба да одржи референдум за членството во НАТО | Правдико

Правдико

   

Москва: Црна Гора треба да одржи референдум за членството во НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црна Гора треба да одржи референдум за влез во НАТО, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

1792240-montenegro-nato-copy-500x290

Захаровa истакна дека помалку од половина од населението на Црна Гора го поддржува членството на земјата во воената алијанса, објавија новинските агенции.

“Постојат длабоки поделби во црногорското општество, особено во однос на членството на земјата во НАТО. Ние веруваме дека народот на Црна Гора треба да го изрази своето мислење за тоа на референдум”, рече Захарова.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во понеделникот изјави дека одлуката на Црна Гора да се приклучи на НАТО ќе биде донесена во Собранието, а не на референдум.

Ѓукановиќ на одговарањето на прашањата од пратениците рече дека Уставот на Црна Гора не предвидува референдум за влез во НАТО и дека Парламентот има апсолутно право и обврска да одлучува по ова прашање.

 

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико