Москва забрани влез на 90 политичари од ЕУ | Правдико

Правдико

   

Москва забрани влез на 90 политичари од ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Москва објави “црна листа” на околу 90 имиња на политичари од Европската унија за кои е забранет влез во Русија, како одговор на санкциите наметнати од страна на Унијата, поради Крим и Украина, изјави премиерот на Холандија Марк Руте.

101524654-480433435.530x298

“Русија ја предаде листа на различни европски амбасади и на неа се личностите кои повеќе не се во можност да дојдат во Русија”, рече тој во редовен брифинг, додавајќи дека на листата се наоѓаат двајца холандски пратеници и холандски пратеник од Европскиот парламент.

Листата, наводно, содржела меѓу 80 и 90 имиња, соопшти Руте. Тој додаде дека тоа е одговор на забраната за патување наметната од ЕУ за Москва, за руската анексија на Крим и наводната вмешаност во источниот дел на Украина.

Претставникот на дипломатската служба на ЕУ во Брисел, за АФП изјави дека Русија во последниве месеци им забрани на неколку европски политичари да влезат во Русија, но досега одбиваше да ја објави таа листа.

Руте истакна дека Руската “црна листа” не се заснова на меѓународното право, таа не е транспарентна и може да се оспорува на суд.

Партнери на Правдико