Правдико

   

МОСТ: Гласањето помина во фер и демократска атмосфера

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека и во вториот круг од изборите граѓаните, овој пат во поголем број, слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера. Во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес.

Од МОСТ оценуваат дека изборната кампања помеѓу двата круга исто така поминала во генерално релаксирана атмосфера со неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. И помеѓу вториот круг, велат од МОСТ, беа организирани соочувања на двајцата кандидати кои им помогнаа на граѓаните да направат информиран избор.

Иако на овие избори не беше забележан поголем број избирачи кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список, сепак МОСТ ја повторува својата препорака дека во најскоро време надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

„Иако ДИК ја продолжи позитивната практика од референдумот и при одлучувањето по приговорите во првиот круг не можеше да се забележи гласање по партиски линии, сепак ДИК во четири случаи поништи гласање без да го отвори целокупниот изборен материјал, а тоа е обврска предвидена со Изборниот законик. Исто така, еден приговор беше отфрлен, иако во записникот од избирачкото место имаше забелешка која укажува на тоа дека ИО не го спровел гласањето во согласност со Изборниот законик“, велат од МОСТ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико