МОСТ: Потребно е јакнење на изборната администрација | Правдико

Правдико

   

МОСТ: Потребно е јакнење на изборната администрација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓанската асоцијација МОСТ, преку својот регионален координатор ја следеше ситуацијата во општината Теарце од донесувањето на одлуката за повторување на гласањето на гласачкото место 2.011 до прегласувањето, а го набљудуваше и самото прегласување, соопштија во асоцијацијата.

26122016183148_web_stajkovci-banskoliev_-11

– Во периодот од поништувањето на резултатите до прегласувањето ситуацијата беше мирна, без инциденти, освен што беше регистриран обид за поткуп, односно беше поднесена кривична пријава против две лица што на гласачите им нуделе поткуп за да не го остварат своето избирачко право. МВР презеде мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението.

Оттаму информираат дека за прегласувањето биле распоредени 2 набљудувачи што го следеа гласањето на самото гласачко место, како и 2 мобилни тима што ја набљудуваа ситуацијата околу гласачкото место.
– Прегласувањето помина во мирна атмосфера, со различна динамика во одѕивот на гласачите, кој опадна во последните часови пред завршувањето на гласањето. Во текот на денот беше забележано зголемено присуство на полицијата околу гласачкото место. Околу 9 часот беше забележано дека УВ-ламбите не работат, па гласањето беше прекинато во период од 15 минути за да се набават нови, по што истото тоа продолжи. Во понатамошната постапка на гласање и сумирање на резултатите на самото избирачко место не беа забележани нерегуларности – соопшти МОСТ.
Од асоцијацијата додаваат дека како и на изборниот ден во повеќе општински изборни комисии, така и сега од ОИК

Теарце се соочиле со проблем при составување на записникот бр. 21 за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во однос на лицата што гласале во казнено-поправните установи.
– Поради тоа имаше доцнење во објавувањето на резултатите од гласањето. Сам по себе, овој случај ја потврдува потребата од јакнење на капацитетите на изборната администрација во поглед на спроведувањето на комплетниот изборен процес – велат во МОСТ.
Оттаму информираат дека наодите од изборниот ден и од прегласувањето ќе ѝ бидат претставени на јавноста во финалниот извештај за набљудувањето на изборите на граѓанската асоцијација МОСТ.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико